Во последниот натпревар од денешната програма во Серија А, Јувентус ја победи Џенова со 2:0.
Со мајсторскиот гол на Квадрадо во деветтата и на Дибала во 82-рата минута, „Старата дама“ се радуваше на лесна победа.
Андриј Шевченко ќе треба да чека некоја наредна прилика да се израдува на деби победа на Џенова. Додека, пак, Горан Пандев на оваа средба влезе во 58-мата минута, но не успеа да му помогне на својот тим.
Со оваа победа, Јуве сега има 27 бода и е на петтото место во Италија, додека Џенова е на разочарувачкото 18-то место само со 10 бода.
DYBALA GOAL 💎
& Bernardeschi’s first Serie A assist since March 2021… #JuveGenoapic.twitter.com/1eOKB1WCwz— Juve Canal (@juve_canal) December 5, 2021