Шева веќе нема избор, Пандев пак е стартер во големото дерби на Џенова

Џенова и Андреј Шевченко веќе немаат избор и мора да одат на победа во големото градско дерби против Сампдорија, а Горан Пандев повторно е стартер.

Поранешниот капитен на Македонија ќе биде адут во нападот со Екубан во обидот Шевченко да ја забележи првата победа во петтиот меч како тренер на Џенова.

Џенова е претпоследна на табелата по 16 кола во Серија А со само една победа и 10 бода и ниту еден триумф на четири меча, откако Шева го замени Балардини на кормилото на најстариот клуб во Италија.

Мечот е премиерен во 17. коло во Серија А и почна во 20.45 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести