Шевченко готви изненадување за мечот со Македонија

Виктор Циганков, еден од најталентираните млади играчи на Украина, е можниот таен адут на Андриј Шевченко за мечот со Македонија задутре на Националната арена во Букурешт.

Шевченко објави дека Сања Зубков нема да игра, што е хендикеп за Украинците, но сега подготвен е 23-годишниот Циганков.

„Зубков ги заврши сите прегледи и нема да игра против Македонија, но се надеваме дека ќе биде подготвен за дуелот со Австрија. Виктор Циганков комплетно се вклучи во тренажниот процес, сега е комплетно фит и треба само да одлучам дали ќе биде стартет задутре или ќе биде на клупата за резерви. Имавме ситни непријатности при летот од Холандија за Романија, но тоа помина и сега сме орни за клучниот меч во нашата група, против Македонија“, изјави популарниот Шева.

Циганков е еден од најголемите таленти на украинскиот фудбал, има 23 години и интересно е што е роден во Израел, но одлучи да игра за Украина.

Три сезони по ред, во 2017, 2018 и во 2019 година ја добиваше наградата „Златен талент на Украина“ и од него многу се очекуваше, иако кариерата му е во стагнација и не го прикажува тоа што го има според потенцијалот.

Дуелот меѓу Македонија и Украина ќе се игра задутре, од 15 часот, во Букурешт.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести