Шевченко: Македонија е пристоен тим, не смее да се отпише, имаат добри играчи

Селекторот на украинската репрезентација, славниот Андриј Шевченко, вели дека главна цел на неговиот тим е да ја мине групната фаза на претстојното ЕП, а ги анализираше сите четири тима во групата на Украина, во која ќе биде и Македонија.

„Наша главна цел е да ја минеме групата. Главен фаворит во групата е Холандија, а Австрија е тим кој имаше одлични квалификации и покажа одлична игра. Имаат добри играчи и свој стил на игра и тоа им носи резултат. Македонија исто така е пристоен тим. Тоа се виде на квалификациите и победата над Германија во квалификациите за СП. Никој не смее да ги отпише. Имаат многу квалитетни поединци“, вели Шевченко.

Што се однесува до неговиот тим, популарниот Шева го кажува тоа што сите го знаат, дека лидери на неговиот тим се Зинченко, Малиновски и Јармоленко, заедно со голманот и капитен Пјатов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести