Шевченко не може да поверува каков кикс направи неговиот голман (видео)

Германија води со 2-0 на гостувањето во Киев против селекцијата на Украина, па така составот на Јоаким Лев е на половина час до остварување на првата победа во 2020 година. За двојно водство среќно погоди Горецка, откако голманот Бушчан направи голем пропуст и му подари погодок на играчот на Баерн Минхен.

Клостерман нафрли во шестнаесетникот на Украинците, а Бушан се исправи да ја прибере топката, но таа му се испушти од раце па Горецка брзо реагираше да ја смести во мрежата на домаќините. На селекторот Андриј Шевченко не му беше верно дека неговата селекција прими толку евтин гол.

https://twitter.com/FastGoal5/status/1315017726348460032

- Оглас -

Најнови вести