Андриј Шевченко остро ја критикуваше идеата на богатите европски клубови и на УЕФА и ФИФА за формирање на клупска Суперлига што би почнала од 2022 година, со учество само на екипи од Топ-5 лигите на Стариот континент.
Ова се планира веќе подолго време, но сега повторно е актуелен планот за формирање на Суперлигата што ја поддржуваат 12 клубови, а би почнала за две години со најмногу 18 екипи.
„Тоа ќе биде убиство на фудбалот во Европа. Мора да се фодкусираме на развојот на фудбалот во сите земји, не само на богатите. Украина на пример би претрпела голем удар, а се знае дека ќе просперира само фудбалската елита. Тоа не е целта на фудбалската игра“, вели Шевченко.
“The idea of a European Super League would kill football as we know it. Countries like Ukraine would suffer and only the elite would prosper. We need to focus on developing football for all”
— Andriy Shevchenko (@jksheva7) October 23, 2020
Се планира Суперлигата да почне во 2022 година, а има информации дека ќе се обезбедат неверојатни шест милијарди долари за финансиска стабилност на ова натпреварување.