Легендарниот украински фудбалер, а сега и тренер, Андриј Шевченко, имаше ново обраќање, овојпат од Лондон, од каде им даде поддршка на неговите сонародници кои ја бранат својата земја од нападот на Русија.
„Јас сум во Лондон, но мајка ми, фамилијата, саканите, мојот народ, сите се во Украина. Многу сум загрижен. Мајка ми и сестра ми се во близина на Киев, добри се, но тоа што се случува таму е ужасно. Сакам да им се заблагодарам на армијата, претседателот и нашите луѓе кои ја бранат земјата. Вие сте мои херои, горд сум на Украина и мојот народ“ – изјави Шевченко.