Украинците постојано бараат поддршка од светот за она што им се случува во нивната земја, а фудбалската легенда Андриј Шевченко се плаши дека поддршката од светската јавност спласнува.
Некогашниот фудбалер на Динамо Киев, Милан и Челзи, смета дека Украина како да ја снемува од насловните страници на весниците.
„Поминаа повеќе од три месеци, и дефинитивно ни треба финансиска помош. Бранот на поддршка како да почнува полека да се повлекува. Многу е важно да се зборува, да се преземаат мерки, и да се разбере дека војната во Украина не е завршена. Земјата е во многу тешка состојба, луѓето мора да помогнат“ – вели Шевченко.