Шифрин со шестата титула испиша историја во женското алпско скијање

Микаела Шифрин, која со 110 победи во Светскиот куп е апсолутен рекордер во историјата на алпското скијање, стана само втората скијачка во историјата со шест титули во генералниот пласман во СК.

Шифрин се изедначи со легендарната Австријка Анемари Мозер-Прел, која од 1971 до 1979 година освои шест Кристални глобуси. Тој рекорд беше недопирлив до денеска. Сега и Шифрин има шест титули, по што тешко некој може да каже дека не е најдобрата на сите времиња. На трето место е Линдзи Вон со четири титули.

Инаку неизвесноста која скијачка ќе биде шампионка во Светскиот куп за 2025/2026 траеше до самиот крај. Пред денешниот велеслалом во Лилехамер, на Шифрин ѝ требаше да се пласира меѓу првите 15 или Ема Ајхер да не победи. Во првото возење Ајхер беше трета, а Шифрин 17-та, па имаше мала драма. Но, со изданието во второто возење, Шифрин не дозволи чудо, на крајот дури беше пласирана и пред Ајхер (Шифрин 11-та, Ајхер 12-та).

- Оглас -

Најнови вести