11.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Шифрин стигна до четвртото злато по ред во слалом

Американката Микаела Шифрин го освои четвртото злато во низа во слалом, на Светското првенство во скијање. Во трката на која Шифрин на крајот се радуваше, на крајот имаше 58 стотинки подобро време од Ен Свед Ларсон од Шведска, додека Петра Вихова од Словачка заостана 1,03 секунди и го освои бронзениот медал.

Со оваа победа, Шифрин стана првата скијачка во историјата која успеала да освои четири светски злата во иста дисциплина. Од СП во Ареу, таа си заминува со три медали. Најдобра беше и во супервелеслаломот, а бронзениот медал го освои во велеслалом.

- Оглас -

Најнови вести