Шифрин во Оре дојде до 86-та победа во кариерата и се израмни со легендарниот Ингемар Стенмарк

Американската скијачка Микаела Шифрин победи во велеслаломската трка што се одржа во Оре и со тоа го израмни рекордот на легедарниот шведски скијач Ингемар Стенмарк.

https://twitter.com/i/status/1634194696065957888

По трката во Оре, и Шифрин и Стенмарк имаат по 86 победи во Светскиот куп. Првата шанса за да избие на првото место на вечната листа со највеќе победи, Шифрин ќе ја има веќе утре доколку победи на трката во слалом, која исто така ќе се одржи во Оре.
Американката славеше со време од 1:54,86 минута.

Ова беше 20-ти триумф на Американката во велеслаломските трки од Светскиот куп, од кои шест ги оствари сезонава и го освои малиот кристален глобус на оваа дисциплина. На второто место во поредокот во велеслалом е Петра Влхова која собра 486 бодови, дури 700 помалку од Шифрин.

Второто место на денешната трка го освои Италијанката Фредерика Брињоне со 0,64 секунди заостаток зад Американката, додека последното место на победничкиот пиедестал и припадна на Швеѓанката Сара Хектор со 0,92 секунди заостаток зад победничката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести