Шиме ќе игра за клуб од големо пристаниште

Хрватскиот фудбалер Шиме Врсаљко, потпиша тригодишен договор со грчкиот шампион Олимпијакос.

Клубот од Пиреја е седми клуб во кариерата на Шиме. Во претходните шест сезони, Врсаљко беше член на Атлетико Мадрид, а пет години беше кај Јорганџиите, додека една мина како позајмен во Интер.

Во Атлетико, Врсаљко земаше годишна плата од околу 5 милиони евра, во Олимпијакос сигурно ќе заработува помалку, но важно му беше да си најде клуб кој ќе игра во Лигата на шампионите во кој ќе игра редовно, а нема да биде резерва.

- Оглас -

Најнови вести