Ширер: Ако Кејн сака да оди во Баерн, јас ќе го однесам таму, само да не ми го собори рекордот

Капитенот на англиската репрезентација и Тотенхем, Хари Кејн, е една од можните трансфер-бомби во летниот преоден рок, веќе ги договори личните услови со Баерн Минхен, но сега треба и клубовите да се договорат, а интересен коментар за можниот трансфер даде легендарниот Алан Ширер.

Ширер кој е најдобар стрелец во историјата на Премиер лигата, во колумна за „Атлетик“ се пошегува дека е подготвен тој да го однесе Кејн во Германија за да е биде загрозен неговиот рекорд од 260 постигнати голови. Кејн моментно има постигнато 213 голови во Премиер лигата.

„Ако Хари сака да оди во Баерн, јас ќе го однесам таму. Ќе направам сè за да го зачувам својот рекорд од 260 голови во Премиер лигата. Хари моментно има дадено 213 гола. Да бидам искрен, исчезна секоја надеж дека нема да го собори рекордот. Тој има речиси 30 години и доколку внимава на своето тело и здравје, и избегне тешки повреди, повторно ќе може да се врати во Премиер лигата и да постигне доволно голови за да го надмине мојот рекорд. Но, дајте ми клучеви и навигација и јас ќе го однесам во Германија“, напиша Ширер во својата колумна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести