5.8 C
Skopje
сабота, 27 декември 2025

Ширер не може да верува како е прекината една англиска традиција која траеше со децении

Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на англискиот фудбал, Алан Ширер изрази негодување за одлуката на челниците на Премиер лигата да прекинат една долга и убава традиција, а тоа е да се одигра цело коло на популарниот Боксинг Деј.

Во католичкиот свет, на 26 декември го прославуваат Боксинг Деј, а во англискиот фудбал со децении беше традиција токму тој ден да се играат натпреварите од целото коло во елитното натпреварување.

Оваа година таа традиција прекина, па синоќа се одигра само еден натпревар и тоа на „Олд Трафорд“ меѓу Манчестер јунајтед и Њукасл. Останатите дуели ќе се играат денеска и утре, во редовните термини како и секое останато коло.

„Тешко ми е да поверувам дека на Боксинг Деј се одигра само еден натпревар во Премиер лигата. Овој празник едноставно не требаше да помине без фудбал. Не можам да се сетам кога последен пат сум имал слободен ден на Боксинг Деј. И во времето кога играв фудбал, а потоа и по пензионирањето. Сега, знам дека ќе работам на 27 декември, но 26 декември бев слободен. Лудост е тоа што се одигра само еден натпревар на 26 декември. За мене, Боксинг Деј треба да биде целосно посветен на фудбалот“, разочарано коментираше Ширер.

- Оглас -

Најнови вести