Легендата на англискиот фудбал, Алан Ширер, проговори за одлуката на Кристијано Роналдо да ги бојкотира натпреварите на Ал-Наср поради незадоволство од раководството на Саудиската про лига и неговиот клуб.
„Нема многу луѓе во светот кои заработуваат над 400.000 фунти дневно, а сепак штрајкуваат. Мора да е убаво да можам да кажам дека нема да работам, без разлика колку пари заработувам. Бизарно е. Да, тој е суперѕвезда, но штрајк на ова ниво делува грдо“, смета најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата.
Роналдо ни вечерва не играше за Ал-Наср, ова му е втор меч по ред на кој не се појави.

