9.8 C
Skopje
понеделник, 9 февруари 2026

Широко отворени врати за Македонија на Светското првенство

Пред помалку од 10 дена заврши Европското првенство во ракомет, а Данска го запоседна тронот. По завршување на ЕП, станаа појасни работите и за следното Светско првенство.

Македонија ќе игра бараж за пласман на Мундијалот кој ќе се игра следната година во јануари, а за да биде дел од планетарниот собир ќе треба да го победи подобриот од двомечот меѓу Украина и Словачка.

Нашата репрезентација ја има фаворитската улога во баражот, а иако уште не се знае дали ќе има на Мундијалот, веќе е јасно Македонија во кој барабан би била на ждрепката за групите за СП. Македонија ќе биде во вториот барабан по квалитет, што значи дека во евентуалната група би добила две селекции кои се послабо рангирани.

На СП 2027 групната фаза ќе ја поминат три од четирите екипи во групата, што значи дека широко се отворени вратите за Македонија да оди во главната фаза на Мундијалот. Сепак, прво треба да се помине баражот.

Барабан 1: Данска, Германија, ХРВАТСКА, Исланд, Португалија, Шведска, Египет, Аргентина

Барабан 2: Франција/Чешка, Финска или Црна Гора/Словенија, Норвешка/Турција или Романија, Србија или Литванија/Унгарија, Шпанија/Грузија или Израел, Швајцарија/Италија, Босна и Херцеговина или Косово/Фарски Острови, Украина или Словачка/Северна Македонија

Барабан 3: Холандија/Грција или Белгија, Австрија/Полска или Латвија, Бразил, Бахреин, Тунис, Зелен ’Рт, Чиле, претставник на Северна Америка

Барабан 4: Катар, Кувајт, Јапонија, Алжир, Ангола, Уругвај, Покана 1, Покана 2

- Оглас -

Најнови вести