Шкендија повторно беше нерешлива енгима за Скопје и успеа да ја забележи првата победа во новото првенство на Македонија.
Тетовци кои тргнаа со импресивна серија од 10 меча без пораз и никогаш не загубиле од Скопје, повторно си го победија омилениот ривал, денеска со 2:0.
Играа како домаќини во Струга, а работата им беше олеснета по автоголот на некогашниот голгетер во ПМФЛ, Христијан Кировски, во шестата минута.
Кировски ја погоди погрешната мрежа, а потоа беше и исклучен, заедно со Христовски и од 37-мата минута гостите играа со деветмина играчи.
Сите дилеми беа веќе решени, а печат на победата на Шкендија стави Сабит Билаљи во 62-рата минута.
Шкендија со една победа и реми е на делба на втората позиција со Силекс по две кола, а Скопје го играше првиот меч во новото домашно првенство и тргна со пораз.