Македонскиот првак Шкендија го дозна можниот противник и за плејофот од Лигата на Европа. Доколку нашиот шампион биде елиминиран од Карабах во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, тогаш во плејофот за Лига Европа ќе се соочи со поразениот тим од двомечот меѓу Лудогорец и Ференцварош.
Овие натпревари се предвидени да се одиграат на 21 и 28 август. Првиот меч ќе се игра во Скопје, додека реваншот на теренот на противникот.
Интересно е тоа што Шкендија, доколку го елиминира Карабах, во плејоф рундата од ЛШ ќе игра со победникот од истиот двомеч, Лудогорец – Ференцварош.