Шкендија ако го елиминира ТНС, ќе игра со поранешен европски првак

Македонскиот првак Шкендија го доби ривалот и за второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Доколку нашиот шампион го мине ТНС од Велс, во второто коло ќе игра со подобриот од дуелот меѓу ФЦСБ и Интер Есалдес. Тоа речиси сигурно ќе биде романскиот првак ФЦСБ (поранешна Стеауа).

ФЦСБ мораше да го промени името, но всушност е наследник на поранешниот европски првак Стеауа од Романија.

На првиот меч од второто коло Шкендија би била домаќин, а потоа би гостувала во реваншот. Термините за одигрување на овие мечеви се 22/23 јули и 29/30 јули.

- Оглас -

Најнови вести