Актуелниот шампион на Македонија, Шкендија, доколку успее да го изненади романскиот шампион ФЦСБ во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите, ќе патува во Ирска или Азербејџан.
Така одлучи ждрепката, па победникот од двомечот на Шкендија и ФЦСБ во следната рунда ќе игра против подобриот од дуелот на Шелбурн од Ирска и Карабаг од Азербејџан.
На првиот меч кој на програмата е на петти или шести август, домаќин ќе биде подобриот од дуелот на македонскиот и романскиот шампион, додека реваншот е закажан за 12 август.