4.8 C
Skopje
петок, 28 ноември 2025

Шкендија Арачиново доби забрана за присуство на публика на четири натпревари

Македонскиот второлигаш Шкендија Арачиново доби забрана за присуство на публика на домашен терен на четири натпревари, а ќе мора да плати и парична казна од 4.000 евра поради слабата ортганизација и напад над гостински фудбалери на мечот против Брегалница.

Дисциплинската комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на својата седница ги донесе следните одлуки:

– Илјази Седат, претставник на ЗФК Шкендија Арачиново – забрана за вршење функција во траење од три месеци.

– Дамјан Стојковски, ФК Осогово – забрана за настап на еден натпревар.

– Кристијан Чурлинов, ФК Шкендија Арачиново – забрана за настап на еден натпревар.

– Ферди Исмаили, ФК Шкупи 1927 АД – забрана за вршење функција во траење од две години.

– Ајдари Шкелќим, ЗФК Шкендија Арачиново – забрана за вршење функција во траење од три месеци.

– Даниел Карчески, ФК Брегалница – забрана на настап на два натпревари.

– Јасир Беќири, ФК Шкендија Арачиново – забрана на настап два натпревари.

– Исуфи Авдираман, комесар за безбедност на ЗФК Шкендија Арачиново – забрана за вршење функција во траење од една година.

– ЗФК Шкендија Арачиново се санкционира со забрана за присуство на публика на четири првенствени или куп натпревари и парична казна од 4.000 евра, поради слаба организација на натпреварот од 13. коло против ФК Брегалница 2008 АД, при што е констатиран напад на гостински фудбалер и употреба на пиротехника.

- Оглас -

Најнови вести