Шкендија Арачиново го победи Тетекс во Тетово со 2-1 и барем до вечерва новиот второлигаш од селото крај Скопје ќе биде лидер на табелата во Втората македонска фудбалска лига.
Шкендија има 20 бодови после осум кола, а Брегалница Штип има 17 бода, и од 18 часот игра дома со Скопје кој е четвртопласиран.
Третопласираната Беласица беше поразена во Кочани од Осогово со 1-3 и струмичани за кои ова е втор пораз по ред, малку го губат чекорот со водечките.