Гостите од соседните градови на Скопје се радуваа во главниот град во двете денешни средби од Првата македонска фудбалска лига.
Првакот Шкендија беше подобра од Македонија Ѓорче Петров со 3-1 (за Шкендија погодија Адеми, Красниќи од пенал и Тамба, поразот го ублажи Глишиќ), додека повратникот во прволигашкото друштво Башкими ги израдува своите фанови на Националната Арена со победата над Работнички од 2-0. Стрелци беа Личина и Мемети кој даде атрактивен гол.
Шкендија е во групата со Силекс, Вардар и Струга кои имаат по 6 бода по две кола. Башкими сега има 4, а Македонија Ѓорче Петров уште нема бод. Лавовите и Работнички немаат постигнато гол во првите две рунди, но дебармаалци имаат еден бод.
Утре нема меч, бидејќи Силекс доби службена победа од 3-0 против Шкупи кој е во криза и нема стадион на кој ќе игра како домаќин, а колото се комплетира задутре со дуел на Брера Струмица и Пелистер.