11.8 C
Skopje
четврток, 15 јануари 2026

Шкендија без проблеми со 3:0 ја победи Брера

Екипата на Шкендија со победа ги започна зимските подготовки. Пред патувањето во Анталија, Шкендија го одигра првиот контролен меч. На теренот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ кај ФФМ, актуелниот првак на Македонија со убедливи 3:0 славеше над Брера.

Да нема никакви изненадувања, иако се работи за подготвителна средба, уште во 11-тата минута се погрижи Мазари, кој погоди за водство на Шкендија од 1:0, што беше резултат по првото полувреме.

Во вториот дел на сцена стапи искусниот Бесарт Ибраими, кој постигна два погодика, и тоа во 61-вата и во 82-рата минута за конечни 3:0 за Шкендија во дуелот со струмичкиот ривал.

Шкендија сега ќе се подготвува за заминување во Анталија, каде што ја чекаат подготвителни средби против екипите на Олександрија, Подбрезова, Сараево и Ордабаси.

- Оглас -

Најнови вести