Шкендија чекор поблиску до дуели со Селтик или Сараево

Македонскиот фудбалски првак Шкендија со победата од 1-0 на гостувањето кај естонскиот Номе Калју дојде на чекор од пласман во следната фаза од квалификациите за Лигата на шампионите. Иако триумфот е само минимален, сепак е извојуван на гости, а и односот на силите кој беше виден на теренот не најавува дека Шкендија може да има потешкотии на реваншот на 16 јули.

Мечот во Талин се играше на дожд и температура од 15 степени, на реваншот во Скопје за една недела веројатно ќе биде двојно потопло. Агим Ибраими беше стрелец од пенал, а ако Шкендија го мине Калју, што е реално, тогаш во следната фаза веројатно ќе се соочи со некогашниот европски првак Селтик, кој е фаворит во двомечот со Сараево на Крсте Велковски.

Шкендија имаше 70 отсто посед на топка, а во второто полувреме беше опасна, особено од слободни удари. Прво Бесарт, потоа и Агим Ибраими за малку не погодија со шутеви од слободни удари, но сепак голот од прекин.

Во 80-тата минута иницијативата на Шкендија вроди со плод, по играњето со рака на играч на Калју во својот 16-ник, беше досуден пенал за тетовци, а искусниот Агим Ибраими стрелаше во долниот лев агол од голот и погоди за 1-0.

- Оглас -

Најнови вести