Шкендија денес го добива трофејот, Брера и Беса во битка да го избегнат баражот (Фото)

Попладнево на терените ширум земјава ќе се одиграат натпреварите од 33-тото, воедно и последно, коло на Првата Македонска фудбалска лига. На врвот на табелата се е познато, Шкендија е шампион и денес ќе го добие трофејот, додека место во Европа обезбедија Силекс и Работнички.

На дното од табелата единствената непознаница е која екипа ќе игра во баражот, Брера или Беса. Струмичани на домашен терен го пречекуваат составот на Работнички, додека Беса гостува во Битола кај Пелистер. Брера има бод предност, па со евентуална победа нема да го чека исходот од мечот во Битола.

Дел од понудата на Sport Life се и овие натпревари. Шкендија е фаворит против Силекс со квота од 1.98, па тетовци сигурно дека со победа ќе сакаат да прослават со своите навивачи. Фаворит е и Тиквеш со квота од 1.96 во дуелот против Струга, додека најинтересно се очекува да биде на мечот помеѓу Пелистер и Беса. Битолчани се во блага фаворитска предност со квота од 2.23, додека квотата за победа на Беса е 2.85.

- Оглас -

Најнови вести