Македонскиот фудбалски првак Шкендија, доби скратен список кои би им биле можни противници во плејофот за Лигата на шампионите, во случај да го елиминира Карабах.
Ждрепката е во 12 часот, а Шкендија ако го мине Карабах, во плејофот за влез во ЛШ ќе игра против некој од носителите. Тоа се: Бодо/Глимт, Селтик, победникот од Малме – Копенхаген, победникот од Лех – Црверна ѕвезда и победникот од Лудогорец – Ференцварош.
Ако испадне од Карабах, Шкендија ќе игра плејоф за влез во Лига Европа. Можни ривали таму се: Јанг Бојс, поразените од Лудогорец – Ференцварош и Малме – Копенхаген, или подобриот од Хамрун – Макаби Тел Авив. Ждрепката е од 13 часот.