9.8 C
Skopje
четврток, 11 декември 2025

Шкендија дома освојува бодови и игра со малку голови, така се очекува да биде и вечерва

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија вечерва од 18:45 часот ќе го игра последниот меч на домашен терен во лигашката фаза од Конференциската лига на УЕФА. Противник на Арената „Тодор Проески“ ќе биде Слован Братислава, клуб кој минатата сезона играше и во Лигата на шампионите.

И Шкендија и Слован моментално се надвор од првите 24 на табелата, но уште имаат шанса да се борат за места кои водат во нокаут-фазата. Во досегашните четири меча Шкендија одигра со малку голови, односно од 0-2 погодоци. На двата меча во Скопје, Шкендија играше одлично и го победи Шелбурн со 1:0, а против Јагелонија водеше со 1:0, но прими гол во 90+10 минута и испушти победа.

Овие два резултати доволно покажуваат дека Шкендија дома атакува на освојување на бодови. Слован Братислава има само една победа и дури три порази, но интересно е дека е благ фаворит за триумф на денешниот дуел.

Сите во Шкендија се полни со оптимизам и веруваат во триумф, кој ќе значи тетовчани да останат во реална трка во европските купови и по Нова година.

 

- Оглас -

Најнови вести