Нерешениот резултат во Скопје против Јагелонија од Полска ја остави Шкендија во трка за место во плејофот од Конференциската лига, а бодот донесе и нова финансиска инјекција за клубот и нови поени за рејтингот на македонската лига во Европа.
Секунди ја делеа Шкендија од победа, триумф кој ќе значеше уште повеќе пари за клубот и повеќе поени за Македонија на листата на УЕФА.
Вака Шкендија треба да се задоволи со нови 130.000 евра, а Македонија не го промени рангот, остана 47-ма, иако имаше шанса да ја надмине Северна Ирска, која е 46-та.
Резултатите на тетовскиот клуб, но и на Вардар, придонесоа да се искачиме меѓу првите 50 на листата и со тоа да добиеме четврти претставник во Европа во сезоната 2027/2028 откако следната сезона ќе имаме три.

