Екипите на Шкендија и Македонија ЃП денес во 16 часот го отвораат новото, 30-то коло на Првата Македонска фудбалска лига. Домаќините се апсолутни фаворити според квотата во Sport Life и се очекува да забележат сигурна победа. Квотата за нивна победа е 1.26. Доколку, сепак, се одлучите да типувате на победа на Македонија ЃП, тогаш ќе добиете квота од 10.3. Квотата за нерешено е 4.45.
Овие две екипи пред само 20-тина денови играа и во полуфиналето од Купот на Македонија, исто на Градскиот стадион во Тетово, а поуспешни беа гостите дури после изведувањето на пеналите.
Низ историјата, Македонија ЃП на првенствен натпревар нема победа над Шкендија уште од 2009-тата година, додека на гостински терен последната победа на тимот од скопската населба Ѓорче Петров датира од 2006-тата година.
Екипата на Шкендија влезе во одлична форма во домашното првенство и нема пораз на последните девет натпревари, со што се врати во битка за шампионската титула во Македонското првенство. Последниот пораз, екипата од Тетово го доживеа од Шкупи на 19-ти Февруари.