Екипата на Шкендија вечерва е пред (не)возможна мисија – не само да се победи Ноах, туку тоа да биде најмалку со два гола разлика. Тетовци на првиот меч во Ерменија загубија со 2-0 и се најдоа во незавидна позиција како носители во ждрепката да испаднат од аутсајдерот.
Вечерва Шкендија ќе мора да брка победа барем од два гола и да дојде до продолженија и евентуално пенали, а за директен пласман во следното коло ќе им треба победа од три гола. Според квотите во Sport Life, Шкендија е фаворит со 2.03, но квотата за победа со најмалку два гола е фантастична, 4.05.
Нова победа на Ноах има квота од 3.45, додека нерешениот резултат носи 3.35. Избраниците на Јетон Беќири се навистина пред тежок предизвик, а доколку минат во следната рунда, би имале многу полесен противник во Слиема од Малта.