11.8 C
Skopje
понеделник, 6 октомври 2025

Шкендија е голем фаворит на дуелот против Пелистер (Фото)

Македонскиот првак Шкендија се врати од Мадрид, каде што играше против шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано и загуби со 2-0 во првиот меч од групите во Конференциската лига. Тимот на Јетон Беќири нема многу време за одмор затоа што мора да ги одработи и домашните обврски.


Шкендија денеска ја очекува гостување во Битола и дуел со Пелистер во деветтото коло од Првата фудбалска лига.

„Во овој меч со Пелистер влегуваме по многу тежок натпревар против Рајо Ваљекано, но за нас тоа беше едно драгоцено и убаво искуство. Натпревар против екипа од силната Ла Лига. Но, сето ова го забораваме и одиме во Битола на три бода против Пелистер. Шкендија на секој меч оди на три бода. Нема да биде лесен предизвик, но секогаш одиме на победа за да дојдеме до зацртаната цел – одбрана на титулата“, изјави Камер Ќака, играчот на Шкендија.

Според квотите, Шкендија е голем фаворит на овој дуел. Сепак, ќе мора тоа да го докаже и со играта на теренот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

Натпреварот се игра од 18 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести