Актуелниот шампион на Македонија, Шкендија, има голема шанса уште вечерва да обезбеди пласман најмалку во плејофот од Конференциската лига, но за тоа ќе треба да го елиминира шампионот на Велс, ТНС, во квалификациите за Лигата на шампионите.
Тетовци имаат активни 0-0 од првиот меч на гостински терен, па според квотите во Sport Life, тие се фаворити за победа на дуелот кој вечерва од 20 часот ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Квотата за победа на Шкендија е 1.95, додека ремито има квота од 3.40. Победата на ТНС има квота од 3.95.
Шкендија доколку го мине ТНС, во второто коло за противник ќе го има шампионот на Романија, ФЦСБ, а доколку биде елиминирана, ќе продолжи во второто коло од Конференциската лига, и тоа против поразениот од двомечот на Дрита и Диферданж.