22.8 C
Skopje
понеделник, 4 август 2025

Шкендија е најголем аутсајдер од сите екипи кои останаа во квалификациите за ЛШ

Шкендија нема големи шанси, само 15 отсто да го мине Карабах, и со тоа е најголем аутсајдер во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите во фудбал. Македонскиот првак беше потценет и против ФЦСБ, па приреди изненадување.

Суперкомпјутерот и симулациите покажуваат дека Карабах е огромен фаворит и му се даваат 85 проценти шанси да се најде во плејофот за влез во лигашкиот дел на ЛШ.   

И квотите во Sport Life го поврдуваат тоа. За 20-те екипи кои ќе се појават во десетте меча кои се играат задутре и в среда, најголемата квота за победа е токму кај Шкендија, иако игра дома со азербејџанскиот тим.

- Оглас -

Најнови вести