Шкендија е нов шампион, петта титула за тетовските Црвено-црни

Тетовска Шкендија по петти пат е првак на Првата македонска фудбалска лига. Денеска во Тетово, Шкендија го победи Работнички со 2-1 и на две кола ја осигури титулата затоа што има четири бода повеќе од вториот Силекс, а во следното коло Шкендија ќе добие службени три бода бидејќи противникот со кој требаше да играат, Гостивар, веќе не е дел од лигата.

Од 2011 до 2021, Шкендија четири пати беше првак на Македонија, а денеска ја осигури петтата титула.

Во другите два денешни натпревари, Брера го победи Шкупи со 4-3 во неверојатен меч во Струмица, во кој домашните дадоа два гола во судиското продолжение за пресврт и триумф, а Тиквеш ја совлада Беса со 1-0 и направи огромен чекор кон обезбедување опстанок во прволигашкото друштво.

- Оглас -

Најнови вести