10.8 C
Skopje
среда, 19 ноември 2025

Шкендија е последниот четвртфиналист во Купот на Македонија

Тетовската Шкендија се пласира во четвртфиналето на Купот на Македонија откако на свој терен со 2:0 славеше над Тиквеш. Ова беше последна осминафинална пресметка, па Шкендија им се приклучи на екипите на Вардар, Силекс, Струга ТЛ, Работнички, Шкендија Арачиново, Детонит Плачковица и Охрид, кои од претходно го обезбедија своето место меѓу осумте најдобри.

До победата против Тиквеш, Шкендија дојде со два погодоци постигнати во финишот на двете полувремиња. Нигерискиот интернационалец Адаму Алхасан погоди за 1:0 со голот во 43-тата минута, што беше резултат по првото полувреме.

Во второто полувреме Тиквеш се обидуваше да стигне до израмнување, но не само што кавадарчани не ја затресоа мрежата на тетовци, туку во финишот на средбата, односно во 90+1 минута Шкендија погоди по вторпат со голот на Атхе Мазари и го потврди пласманот во следната фаза од најмасовното клупско натпреварување кај нас.

- Оглас -

Најнови вести