Шкендија експресно најде замена за Бејтулаи

Шкендија брзо реагираше по заминувањето на репрезентативецот Егзон Бејтулаи во Хелсингборг и веќе најде замена во дефанзивата, а денеска го промовираше јан Кривак, првиот Словак што ќе игра за тетовци.

Кривак има 26 години и доаѓа од редовите на чешкиот прволигаш Карвина, екипа за која има вкупно 34 настапи од 2018 година. Претходно беше член на Подбрезова, каде одигра 77 меча и постигна два гола.

„Ме привлече фактот што Шкендија игра редовно во Европа, а и освојува титули во македонското првенство. Се надевам дека брзо ќе се вклопам во тимот и заедно ќе бележиме нови успеси“, изјави Кривак за клупската страница на Шкендија.

Претходно „црвено-црните“ од Тетово се засилија и со Далку, Ахмеди и Нето.

- Оглас -

Најнови вести