11.8 C
Skopje
сабота, 18 октомври 2025

Шкендија ги пушта во продажба билетите за мечот против Шелбурн

Македонскиот првак Шкендија денеска напладне ќе ги пушти во продажба билетите за натпреварот против Шелбурн (Ирска) во второто коло на УЕФА Конференциската лига. Тие ќе бидат пуштени во продажба онлајн, преку мрежата МК Тикетс.

Подоцна ќе има и физичка продажба на билетите на следните локации: „Монако Тобако“, Тетово и билетарницата на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје, само на денот на натпреварот (23.10.2025).

Цените на билетите за Јужната трибина се движат од 500 денари (блокови 1 и 6), 600 денари (блокови 2 и 5) до 750 денари (блокови 3 и 4).

Во продажба ќе бидат и билети за Северната трибина: 500 денари (блок 13), 700 денари (блокови 20, 21 и 23) и 800 денари (блок 14).

Натпреварот меѓу Шкендија и Шелбурн се игра в четврток, на 23.10.2025, со почеток во 18:45 часот.

- Оглас -

Најнови вести