13.8 C
Skopje
понеделник, 29 септември 2025

Шкендија ги пушти во продажба билетите за мечот против Карабах во ЛШ

Oдбројувањето за новиот фудбалско спектакл на Шкендија во Европа започна денеска. Клубот објави дека во 16:00 часот официјално ја стартуваше продажбата на билети за големото европско соочување, Шкендија против Карабах, во рамки на третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Натпреварот ќе се игра на 5 август на арената „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток од 20:00 часот. Цената на билетите е 300 денари, иста како и на претходните натпревари ова лето.

Билетите се достапни онлајн преку платформата mktickets.mk, а на денот на натпреварот ќе можат да се набават и на билетарниците на стадионот.

Шкендија веќе испиша историја обезбедувајќи пласман најмалку во групната фаза на Конференциската лига, но амбициите не застануваат тука.

- Оглас -

Најнови вести