26.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Шкендија ги пушти во продажба билетите за мечот со ФЦСБ по цена од 300 денари

Македонскиот шампион Шкендија денеска ги пушти во продажба билетите за првиот натпревар од втората квалификациска рунда на Лигата на шампионите против ФЦСБ. Натпреварот се игра на 22 јули (вторник) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток од 20 часот.

Цената на билетот изнесува 300 денари, а билетите може да се набават на следните места: онлајн преку mktickets.mk, во просториите на ФК Шкендија во центарот на Тетово, на продажната точка „Монако Тобако“ во Тетово, а на самиот ден на натпреварот и на билетарницата на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје.

Организаторите апелираат до навивачите да ги набават билетите однапред, со цел да се избегнат непотребни гужви и чекања пред влезот на стадионот.

- Оглас -

Најнови вести