Шкендија го совлада актуелниот првак Струга Трим Лум со 1-0 во заостанат меч од Првата македонска фудбалска лига, по што сега Црвено-црните од Тетово се нови лидери на табелата.
Единствениот гол го постигна Босанецот Алмир Аганспахиќ во 47-мата минута. За него ова е трет погодок сезонава. За Струга ова е втор пораз едноподруго, по оној од Шкупи, а денеска беа хендикепирани со неиграњето на повредениот голгетер Бесарт Ибраими, кој најдобрите денови ги имаше токму во Шкендија.
Со денешните три бода, Шкендија сега има 20 бода од девет кола. Втор е Шкупи со 18, трет е Силекс со 16, а стружани имаат 15, но и еден меч помалку.