32.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Шкендија го доби ТНС од Велс за ривал на стартот од квалификациите во ЛШ (Фото)

Македонскиот шампион Шкендија имаше релативно поволна ждрепка во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Тетовскиот тим за ривал го доби велшкиот првак ТНС.

Првиот меч ќе се игра во Велс, а потоа Шкендија ќе го игра реваншот на свој терен.

Тетовскаta Шкендија ја имаше среќата на своја страна на ждрепката за квалификациите во Лигата на шампионите, иако се најде во групата на неносители. Како противник го доби, барем на хартија, најприфатливиот ривал од првиот шешир – велшкиот шампион ТНС.

Овие два тима веќе се сретнаа во европските натпреварувања во 2018 година. Тогаш Шкендија приреди фудбалска лекција во Скопје, славејќи убедливо со 5-0, една од највпечатливите победи на македонски клуб во Европа. Но, на реваншот во Велс, ТНС возврати и триумфираше со 4-0, покажувајќи дека не е тим што треба да се потцени.

Првите дуели од квалификациите се закажани за 8 и 9 јули, додека реваншите ќе се одиграат една недела подоцна, на 15 и 16 јули.

- Оглас -

Најнови вести