Македонскиот фудбалски првак Шкендија ќе игра против Самсунспор (Турција) во нокаут-фазата од Конференциската лига на УЕФА, беше одлучено на денешната ждрепка.
Според распоредот, првиот меч Шкендија ќе го игра на домашен терен на 19 февруари, а седум дена подоцна, односно на 26 февруари ќе гостува.
Шкендија за првпат обезбеди место во групна фаза од едно големо клупско европско натпреварување. Во групната фаза, во шесте одиграни меча тетовскиот тим имаше две победи, едно реми и три порази, а со освоените седум бода се пласира на 22-рото место на табелата, што значеше и продолжување во нокаут-фазата и презимување во Европа.

