Шкендија го доведе Арбин Зејнулаи

Македонскиот првак Шкендија се засили со добро познато име, Арбин Зејнулаи. Поранешниот голем талент кој потекнува токму од Тетово се враќа „дома“ откако последните години ги мина во Работнички, а потоа и во албанскиот прволигаш Егнатија.

Зејнулаи треба да биде освежување за средниот ред на Шкендија за настапите во Европа, но и за новата сезона во Првата фудбалска лига и одбраната на шампионската титула.

- Оглас -

Најнови вести