Тетовска Шкендија го победи екс-ју гигантот Сараево со 3-2 во интересен контролен натпревар одигран во Анталија.
Босанскиот тим во кој играат Стефан Ристовски и Агон Елези, поведе со 1-0 со гол на Бегановиќ, но Бесарт Ибраими брзо со два гола од кои вториот од пенал, донесе пресврт.
Кога Себастјан Спахиу даде атрактивен гол со шут од голема далечина, се чинеше дека македонскиот првак сигурно ќе го добие мечот.

Но, во 77-ма минута Сараево случајно и ненадејно намали на 2-3 и внесе незивесност, благодарение на неверојатниот кикс на голманот Гај кој рутинската повратна топка од Зејнулаи ја пропушти и таа влезе во голот.


