Шкендија го продава Фабрис Тамба

Македонскиот шампион Шкендија обезбеди плааман во групна фаза од европско натпреварување, но најверојатно ќе остане без еден од најдобрите фудбалери, Фабрис Тамба.

Според сенегалскиот медиум „Меч360“, трансферот е веќе договорен. Шкендија го продава Фабрис Тамба на турскиот клуб Амедспор.

Двата клуба постигнале договор за висината на обештетувањето, а турскиот клуб ги договорил и личните услови на Фабрис Тамба кој треба да потпише тригодишен договор.

- Оглас -

Најнови вести