Тетовска Шкендија извојува победа од 2-0 против грузискиот првак Динамо Батуми, во пријателски меч одигран попладнево во турскиот туристички центар Белек.
Стрелци на головите за Шкендија беа Анес Мелиќи во првото и засилувањето од Брера, Ване Крстевски, на почетокот на второто полувреме.
Следниот тест за Црвено-црните од Тетово е на 1 февруари против полскиот прволигаш Варта Познањ.