Македонскиот шампион Шкендија продолжува со засилувањата за претстојните европски предизвици, а ново име во тимот е добро познатиот Ендрит Красниќи. Играчот за врска потпиша нов договор со тетовскиот клуб и повторно ќе го носи дресот на тетовскиот клуб.

Красниќи веќе има едно успешно поглавје во Шкендија, во сезоната 2023/24 одигра 32 натпревари, при што постигна шест голови и подели 13 асистенции. По една година во редовите на косовскиот клуб Сухарека, тој се враќа во Тетово со јасна цел, да помогне во борбата за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.
Веднаш по потпишувањето, Красниќи замина за Словенија каде ќе се приклучи на подготовките на екипата во Терме Чатеж, подготвен повторно да се докаже пред стручниот штаб и да биде важен дел од европската мисија на Шкендија.