Шкендија и Академија Пандев денеска играат пријателски мечеви како подготовка за дуелите на европската сцена. Екипата на Зрињски, која го има епитетот шампион на Босна и Херцеговина, е ривалот на Шкендија.
Тетовскиот тим одигра два контролни меча во кои прво ремизира 1:1 со Ференцварош, а потоа со 1:0 славеше над Марибор. Зрињски во двата подготвителни дуели победи, и тоа со 2:1 против Мура и со 3:0 во дуелот со Вараждин.
Според квотите во Sport Life, тимот од БиХ има поголеми шанси да стигне до победа.
Контролен меч ќе игра и Академија Пандев против Черно Море, а бугарскиот тим делува како апсолутен фаворит, барем ако се видат квотите.
Интересно е дека ако верувате дека Шкендија и Академија Пандев денеска ќе победат во пријателските дуели, вкупниот коефициент само од овие два меча е дури 15.