Екипите на Шкендија и Арсими одиграа без голови, 0-0, на „Градскиот стадион“ во Тетово на единствениот прволигашки меч денес.
Актуелниот шампион го започна мечот со комбиниран состав, а Јетон Беќири сакаше да ги сочува силите за реваншот со Лудогорец. Сепак, откако по првите 45 минути немаше голови, во игра започнаа да влегуваат и првотимците на Шкендија, но и тоа не помогна за победа против дебантот во лигата.
И доколку имаше победник во Тетово тоа немаше да биде незаслужено која екипа и да славеше, бидејќи шансите на двете страни се редеа како на филмска лента.
Третото коло од прволигашката конкуренција ќе биде комплетирано утре со два натпревари, Башкими – Тиквеш и Пелистер – Шкупи.